Жозе Мурињо го започна планот за враќање на Рома на големата сцена. Португалскиот стратег на „Олимпискиот Стадион“ изминатото лето донесе две одлични засилувања од Премиерлигата во Тами Абрахам и Руи Патицио, а сега погледите повторно се свртени кон „Островот“, но кон Манчестер Јунајтед.
Трансфер цел од поранешниот клуб на Мурињо е Диогу Далот, десниот бек кој самиот во 2018 година го донесе на „Олд Трафорд“ за сума од 15 милиони евра. Португалецот не успеа да се наметне во тимот, уште помалку од заминувањето на Мурињо по што следеше позајмица во Милан, а оваа сезона одигра само десет натпревари во сите конкуренции за „црвените ѓаволи“.
Сепак новиот предводник Ралф Рангник ќе ги поремети плановите на Мурињо бидејќи во Далот гледа стандарден првотимец на местото на Ван Бисака, пренесуваат англиските медиуми. Под водство на германскиот стратег 22-годишникот одигра два натпревари против Кристал Палас и Норвич.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА