Клаудио Раниери по третпат во кариерата стана тренер на Рома откако искусниот стратег ја прифати понудата на „волчицата“ да дојде на местото на Иван Јуриќ и дасе обиде да го разбуди заспаниот џин.
Раниери успеа да го спаси Калјари да опстане во елитата и веднаш потоа објави дека ја завршува богатата тренерска кариера, за неколку месеци подоцна сепак да се премисли и да му се врати на фудбалот.
„Искрено сум изненаден…. во последните месеци добив повеќе понуди за работа отколку кога ја освоив титулата во Премиер-лигата со Лестер. Ги одбивав сите без размислувања бидејќи за мене во предвид доаѓаа само два клуба: Калјари и Рома. Останав без зборови по разговорот со претседателот Фредкин. Видов дека тој навистина се грижи за клубот, сака да направи нешто добро и едноставно морав да прифатам, не постоеше друга опција“, изјави Раниери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА