Италијанскиот стратег Клаудио Раниери ќе го заврши престојот на “Крејвен Котиџ”. Раководството на Фулам одлучи да се раздели со 67-годишниот Раниери кој го наследи Славиша Јокановиќ. Сепак, не успеа да го рехабилитира тимот кој се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Премиер – лигата со 17 освоени бода.
Кормилото на Фулам до крајот на сезоната се очекува да го преземе Скот Паркер. Фулам во 2019 година оствари само една победа, против Брајтон (4-2) на домашен терен.
Италијанецот пред три сезони оствари историски успех освојувајќи ја титулата со Лестер, но оттогаш кариерата дефинитивно му се движи во надолна линија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА