Раниери е вистински џентлмен: Емотивни зборови за збогум од Ватфорд (ВИДЕО)

Ватфорд го врати од пензија Рој Хоџсон и експресно го назначи како наслендик на Клаудио Раниери, неполни 24 часа откако стана познато дека италијанскиот стручњак заработил отказ. Иако дојде со голем ентузијазам на „Викариџ Роуд“, Раниери на крајот издржа само 112 дена во Вотфорд пред да заработи отказ.

И покрај тоа што може да биде незадоволен и лут на раководството кое нема трпение со ниту еден менаџер, Клаудио сепак реши да си замине како што му доликува. Раниери важи за еден од најголемите џентлмени во елитната тренерска работа, а тоа го докажа и со своите зборови на заминување од Вотфорд.

„Добро сум. Не сум навикнат да зборувам после ваков расплет, но како и да е, можам да им посакам среќа на сите. Му посакувам среќа на Ватфорд, на фановите, на бордот на директори, на сите. Ова е фудбал, но јас верувам дека Ватфорд може да биде спасен со новите три играчи кои дојдоа. Исто така, во клубот дојде фантастичен менаџер, им посакувам се најдобро“, порача Раниери.

 

 

 

 

Се вчитува...