Тренерот на Рома , Клаудио Раниери потврди дека тој и спортскиот директор на клубот Флорент Гисолфи од летото ја води потрагата по нов тренер на Волците, а потоа, под сериозен притисок од новинарски прашања, на крајот ја отфрли можноста Џан Пјеро Гасперини да го преземе тимот.
Сегашниот тренер на Аталанта најави заминување на крајот на сезоната, и беше силно поврзуван со клупата на „волчицата“, но веројатно до такво нешто нема да дојде.
„Ги очекував тие гласини. Оваа недела зборуваме за Гасперини, идната за некој друг. Тоа кое ме прави среќен е што со ниту еден од споменатите немаме разговарано. Еве да ви кажам, Гасперини нема да биде тренер на Рома. Јас и Гисолфи ќе одлучиме. Ќе дадеме список на кандидати на претседателот, и потоа тој ќе го каже своето мислење. Мислењето на фановите ќе биде важно, но важно е да одлучиме тоа да биде тренер кој ќе донесе само добри работи за клуботи“, изјави Раниери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА