Раниери ги погоди замените, Рома со пресврт до триумф над Комо

Рома прокнижи нови бодови на калчолигашката табела откако „римската волчица“ успеа да слави на домашен терен над Комо, четврта победа во низа за тимот на Клаудио Раниери кој се искачи на осмото место на табелата.

Триумфот е уште позначаен ако се знае дека Комо по првото полувреме имаше предност од 0-1, но ситуацијата на теренот се промени по измените што ги направи Клаудио Раниери во вториот дел. Салемакерс неколку минути по влегувањето во игра биеше прецизно израмнувајќи на 1-1, пред Комо да остане со играч помалку по црвениот картон што го заработи Кемпф во 63. минута.

Рома знаеше како да ја искористи предноста од фудбалер повеќе на теренот, стигнувајќи до триумф со голот што го постигна уште еден „резервист“, Украинецот Довбик во 76. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...