Рома откако дојде Клаудио Раниери на клупата игра како препородена. Така од долниот дел на табелата, тимот од Рим сега се бори да излезе во Европа.
Под водство на искусниот 73-годишен Раниери, Рома освои 30 бодови, и сериозно се приближи кон позициите кои носат на меѓународна сцена идната сезона. Згора на тоа, Рома стигна до 1/8 финалето во Лигата на Европа, каде ќе игра против Атлетик Билбао.
Според договорот, Раниери беше само привремено решение, односно само до крајот на сезоната, а потоа требаше да оди во пензија, меѓутоа сега би можел тој план да се промени. Од клубот веќе разгледуваат опција да му понудат продолжување на соработката на искусниот стручњак и идната сезона.
Сега се чека одговор од самиот Раниери, кој за да ја преземе Рома се врати од пензија, откако по завршувањето на минатата сезона објави дека повеќе нема да ја извршува тренерската работа. Но, нов договор би можело да го премисли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

