Поранешниот тренер на Сампдорија, Клаудио Раниери изјави дека Пеп Гвардиола ќе дојде порано или подоцна во Италија. Гвардиола досега беше тренер на Барселона и Баерн Минхен, а сега го предводи Манчестер Сити. Каталонецот никогаш не работел во Италија, но Раниери верува дека наскоро и тоа ќе се случи.
Клаудио не штедеше комплименти за Пеп, па напомена дека тренер од таков калибар наскоро би можеле да го видиме како менаџира фудбалски тим од Италија.
“Серија А е привлечна и примамлива. Мурињо, Алегри, Сари се вратија. Врвните тренери работат во Италија. Штета што Конте го напушти Интер, но убеден сум дека Гвардиола порано или подоцна ќе води италијански гигант”, рече Раниери.
Она што го загрижува Раниери се лошите настапи на италијански тимови на европската сцена во последните неколку години, па посочи еден проблем кој смета дека е главен причинител за ваквите бледи изданија.
“Треба да направиме една работа што е можно побрзо: мора да го зголемиме темпото на игра, потебна е динамика и брз проток на топката. Ако не го сториме тоа, тешко дека можеме да бидеме конкурентни со други тимови од други силни лиги”, рече поранешниот тренер на Лестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА