Раниери: Не сакам Рома да губи време со мене

Клаудио Раниери оваа сезона успеа да ја крене Рома од мртвите, тимот успеа да се разбуди и да се избори за Лигата на шампионите откако тлееше во долниот дел од табелата.

По победата против Верона дојдоа на дофат на четвртото место кое води во Лигата на шампионите.

„Беше тежок натпревар, очекувавме вакво нешто. Верона е физички многу силен тим, не притискаат, имаат двајца многу брзи напаѓачи. Моравме да бидеме ефикасни од самиот почеток. Сите одиграа добро “, изјави Раниери.

Рома сега има 57 бода по победата над Верона, само два бода помалку од четвртопласираниот Јувентус. Новинарите го прашаа Раниери дали можеби се предомислил да остане во Рома.

„ Уште една година во Рома со мене би била неуспешна. Не сакам Рома да си го губи времето“, рече тој.

Се вчитува...