Раниери нов селектор на Гвинеја?

Италијанскиот стратег Клаудио Раниери добил понуда да биде нов селектор на Гвинеја и најверојатно ќе го прифати овој предизвик, пишуваат медиумите на Апенините. Менаџерот кој на сензационален начин му донесе титула на Лестер во Премиер – лигата во 2016 година, никогаш не работел надвор од Европа, но би сакал да се обиде на селекторската функција на оваа земја.

Раниери последен пат водеше национална селекција во 2013 година кога беше на чело на Грција, а доби отказ по сензационалниот пораз од Фарските Острови. Последното работно место на Раниери беше во Рома, а си замина на крајот од минатата сезона. Тој доби договор само да ја доработи сезоната во редовите на „волчицата“ без опција за продолжување на соработката.

 

 

 

Се вчитува...