Италијанскиот тренер Клаудио Раниери, кој најави пензионирање на крајот од минатата сезона, е подготвен да ја обнови истата за да ја предводи Рома, која остана без тренер по разделбата со Иван Јуриќ пред неколку дена на 10 ноември (недела).
73-годишниот тренер има одлични искуства кон римскиот клуб, и наводно не можел да ја одбие понудата од претсеадтелот Ден Фридкин да биде повторно дел од „волчицата“.
Раниери во два наврати претходно седеше на клупата на Рома, односно помеѓу 2009 и 2011, и кратко на крајот од сезоната 2018/19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА