Италијанскиот стратег Клаудио Раниери постигна договор со раководството на Нант и во наредните две сезони ќе седи на клупата на „канаринците“. Како што јавуваат француските медиуми, Раниери ги договорил сите детали за својот иден престој во Франција.
Тој остана без работа во февруари оваа година, откако доби отказ од англискиот премиерлигаш Лестер, тим на кој претходната сезона му ја донесе историската шампионска титула во Премиер – лигата. Раниери во текот на својата кариера беше на клупата на голем број европски клубови, како Наполи, Јувентус, Интер, Калјари, Фиорентина, Парма, Рома, Валенсија, Атлетико Мадрид, Челси, Монако, а беше и селектор на репрезентацијата на Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА