Тренерот на Рома, искусниот 73-годишен италијански стартег Клаудио Раниери потврди дека на крајот на сезоната заминува во пензија.
За разлика од претходно кога замина во пензија па одговори на повикот на својата Рома, овој пат Раниери нема намера да му се врати на фудбалот, туку има нов цел.
„Кога претходната година завршив со Калјари бев сигурен дека засекогаш заминувам во пензија. Стигаа понуди, но ги одбивав. Знаев дека можам да се вратам само доколку стигне понуда од Калјари или Рома. Откако беше протеран Де Роси, верував дека можам да здивнам бидејќи кормилото го превзема Иван Јуриќ. Се надевав дека нема да добијам повик бидејќи тоа ќе значеше дека Рома е во голем проблем.
Морав да го прифатам повикот на Рома, но им кажав дека по крајот на сезоната заминувам во пензија и тоа засекогаш. Како и да заврши ова мое последно патување останувам на тоа. Поради фудбалот 35 години патував по светот, но никогаш немав време да го видам. Пред да умрам сакам да видам што има надвор од фудбалот, мислам дека тоа е поштено. Биг Бен чука и ми говори дека времето истече“, изјави Раниери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА