Томас Милер ја мина целата кариера во Баерн Минхен, а кога управата на германскиот шампион реши да не му понуди нов договор се чинеше дека 35-годишниот ветеран ќе ја заврши кариерата.
Од денеска веќе е јасно – тоа нема да биде случај откако Милер конечно пресекол и одлучил дека сака да игра уште најмалку една година, и тоа надвор од Европа. Тој имаше на маса и богати понуди од Саудиска Арабија, но германскиот офанзивец ја избра американската МЛС-лига за следна дестинација во кариерата.
Како што информира германски „Скај Спортс“, Милер веќе пресекол и дефинитивно ќе се пресели во САД, но уште нема одлучено за кој клуб. Синсинати е тимот што испрати понуда уште пред еден месец, а во игра е и Лос Анџелес, клуб што важи за „партнерски“ со Баерн Минхен. Германските медиуми најавуваат дека конечната одлука ќе биде обелоденета до крајот на оваа седмица, по што Милер би заминал на САД на лекарски прегледи и потпис со новиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

