Најдобриот ракометар на денешницата, Никола Карабатиќ, не планира да ја заврши својата кариера откако денеска и официјално потпиша нов договор со ПСЖ.
Актуелниот договор на 38-годишниот ветеран истекуваше на крајот од сезонава, но двете страни се договорија на продолжување на соработката до јуни 2024 година, со што Карабатиќ е чекор поблиску до исполнувањето на големата желба – кариерата да ја заврши со настап на Олимписките Игри што следната година ќе се одржат токму во Париз.
„Моите желби се поклопуваат со оние на клубот, затоа и немавме многу проблеми за да се договориме. Низ годините го поставивме ПСЖ како еден од водечките тимови во Европа и чест ми е што уште една година ќе го продолжиме заедно тој тренд“, изјави Карабатиќ по потписот на договорот.
👀❤️💙 pic.twitter.com/uXZxE515M3
— PSG Handball (@psghand) February 3, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА