Ранокиа го спаси, а Сенси го прати Интер во четвртфинале на Копа Италија (ВИДЕО)

Интер по многу тешка борба и со многу среќа се пласираше во четвртфиналето на Копа Италија, откако во осминафиналната фаза по продолженија славеше над Емполи со 3-2. Гостите мора да жалат за пропуштената шанса бидејќи до 91. минута имаа водство од 1-2.

Домаќините поведоа со голот на Алексис Санчез во 13. минута. На 1-1 израми Бајрами во 61. минута, додека Емполи  со автоголот на Раду во 76. минута стигна до водство од 1-2. Сепак, Ранокиа беше спасител на „нероаѕурите“ и со голо во 91. минута успеа да го однесе мечот во продолженија.

Таму, Сенси стрелаше во 104. минута и го однесе Интер меѓу осумте најдобри.

 

Се вчитува...