Светските шампионки, атлетичарките Шели-ен Фрејзер-Прајс и Дина Ашер-Смит, Салва Еид Насер, капитенката на американската фудбалска репрезентација која летово го одбрани светското злато, Меган Рапино, египетската пливачка Фарида Осман и уште неколку други девојки се најдоа на листата што ја направи Би-Би-Си, а на која се наоѓаат 100-те највлијателни жени во светот за 2019 година.
Покрај овие планетарно познати ѕвезди на листата се наоѓат и неколку спортистки кои местото го добија не само поради врвните резултати туку и поради значајната улога која ја имаат во битката за жените во конзервативните средини од каде што доаѓаат.
Таква е на пример Кимиа Ализадех која во 2016 година стана првата Иранка со медал од олимписки игри. Таа потекнува од средина во која на жените речиси и да не им е дозволено да се занимаваат со спорт. Таа во моментов се подготвува за Олимписките Игри во Токио. На листата е Хјори Кон, јапонското сумо откритие, девојката која се занимава со спортот во кој во Јапонија уште им е забрането натпреварување на жените.
На списокот се и германската велосипедистка Фиона Колбингер, кинеската боксерка Хуанг Венси, како и австралиската фудбалерка и боксерка Тајла Харис.
Листата на највлијателни спортистки на следниов линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА