Рапсодија на Вест Хем на „Вила Парк“

Вест Хем Јунајтед ја продолжува битката со англиските гиганти за врвот на табелата откако во 10. коло стигна и до шестата победа во лигата совладувајќи ја Астон Вила на гостински терен со 1-4.

Бен Џонсон го отвори натпреварот со одличен удар при шестнаесетникот уште во 7. минута од мечот, а откако Астон Вила стига до изедначување преку Воктинс, Деклан Рајс со одличен удар од дваесетина метра донесе водство од 1-2 за својот тим.

Одличниот натпревар продолжи и во второто полувреме во кое по лош прекршок на Конса домашниот тим остана со играч помалку. Тоа го искористија „чекичарите“ кои во четири минути од 80. до 84. ги реши сите дилеми за победникот. Третиот гол беше дело на Форналс, а четвртиот на Боувен.

Со оваа победа лондонскиот тим ја осигура четврата позиција на табелата со 20 освоени бода околку што има и Манчестер Сити.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...