Рапсодија во ‘небесно сино’: Сити го демолираше Челси… (ВИДЕО)

Манчестер сити му го нанесе еден од најсрамните порази на Челси во историјата на Премиер лигата, славејќи со убедливи 6-0 во 27. коло.

„Граѓаните“ буквално го демолираа противникот по само 25 минути игра кога стигнаа до предност од 4-0. Рахим Стерлинг во четвртата минута донесе водство, следеа два гола на Серхио Агуеро во 13. и во 19.минута, а Илкај Гундоган во 25.минута зголеми на 4-0.

Во второто полувреме следеа уште два гола за конечна победа од 6-0. Најпрво погоди Агуеро од пенал во 56. минута за хет-трик, а потоа и Стирлинг стрелаше во 80. минута.


Се вчитува...