Рапсодија во сино во Баку, Азар со „кралски“ настап се прости од Челси (ВИДЕО)

Челси го освои трофејот во Лигата на Европа откако во финалната пресметка на Олимпискиот стадион во Баку го декласираше Арсенал со 4-1. Белгиецот Еден Азар со два гола и една асистенција имаше „кралски“ настап и на најдобар можен начин се прости од Челси пред најавениот трансфер во Реал Мадрид. Во тимот на Арсенал, македонскиот репрезентативец Дени Илиев беше на клупата за резерви. Петр Чех со пораз ја заврши богатата кариера.

По првото полувреме без голови, се случи вистинска голеада во вториот дел. Оливие Жиру ја најави со прекрасен гол со глава во 49.минута, а на 2-0 зголеми Педро во 60.минута. Само пет минути подоцна Еден Азар од пенал постигна трет гол за Челси.

Возврати Арсенал преку Алекс Ајвоби во 69.минута, но потоа уште еднаш стрелаше Еден Азар за 4-1 во 72.минута. Тимот на Маурицио Сари беше фантастичен, а тој стана првиот италијански стратег кој освоел овој трофеј по Алберто Малезани кој во 1999 година славеше со Парма во Купот на УЕФА.

Се вчитува...