Првата спринт трка во Формула 1 шампионатот во 2026 година заврши со триумф на Џорџ Расел откако возачот на Мерцедес успеа да излезе како победник од пресметката со двајцата возачи на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон.
Британецот продолжи во Шангај онаму каде што застана минатиот викенд на отворањето на сезоната во Австралија, покажувајќи зошто важи за главен фаворит за титулата.
Леклер и Хамилтон стартуваа одлично и набрзо се најдоа на чело на колоната, но Расел ја чекаше својата шанса, во петтиот круг стигна до првото место и се задржа таму до крајот на оваа спринт трка. Леклер заврши како второпласиран со нешто помалку од седум десетинки заостанување, додека Хамилтон на крајот мораше да се задоволи само со третото место.
За одбележување е и слабиот настап на екс-шампионот Макс Ферстапен, кој лошо стартуваше и на крајот ја освои само деветтата позиција во оваа спринт-трка.
Следната трка во спринг во овој Формула 1 шампионат ќе се вози на 2 мај во Мајами.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

