Договорот на Луис Хамилтон со Мердецес истекува на крајот на сезона, а и покрај тоа што се ширеа шпекулации за незадоволство на седумкратниот шампион по лошиот почеток на сезоната и атак на рекордната осма титула во друг болид истите ги отфрли неговиот клупски колега Џорџ Расел.
Младиот 25-годишен Британец вели дека кај неговиот 38-годишен колега се уште постои жар и е сигурен дека ќе биде со тимот и во годините кои следат.
„Сигурен сум дека Луис ќе биде со нас уште најмалку неколку години. Во моментот не сме во добра позиција, но знам дека и кај него се уште постои жар и желба да остане за да стигнеме до што подобри резултати“, вели Расел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА