Џорџ Расел имаше одлична прва година во болидот на Мерцедес во Формула 1 шампионатот. Британецот стигна до својата прва победа во кариерата и заврши на четвртото место во генералниот пласман. Тој беше подобар од неговиот клупски колега Луис Хамилтон, седумкратниот светски шампион.
Расел е воодушевен од односот што го има со својот постар колега.
„Мислам дека се е хармонично. Воодушевен сум од тоа како Луис работи со тимот, како го подига моралот дури и кога работите не одат како што ни одговараат и што е најважно, колку е проклето брз. Голем предизвик е да се биде негов клупски колега“, заклучи Расел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА