Расел контра Ферстапен: Тркање по дожд е лудост, исто како некој да ти ставил преврска на очите

Англискиот Формула 1 возач, Џорџ Расел се спротивстави на критиките на Макс Ферстапен за одложувањето на почетокот на Големата награда на Белгија поради обилен дожд и неповолни услови за тркање со намалена видливост.

Според возачот на Мерцедес тркање во такви услови е лудост, а не желба за докажување на квалитетот.

„Како тркач секогаш сакаш да возиш. Го обожаваш возењето по дожд, но факт е дека кога возиш преку 320 км/ч низ „О Руж“ буквално ништо не гледаш. Исто како некој да ти ставил преврска на очите. Тоа не е тркање, тоа е глупост“, изјави Расел.

Се вчитува...