Војната меѓу Макс Ферстапен и Џорџ Расел, која почна на трката за Големата награда на Катар минатата недела, продолжува.
Холанѓанецот пизјави дека изгубил секаква почит кон Расел откако Британецот се пожали на стјуардите дека го успорува подготвувајќи се за брз круг. Како резултат на тоа, Ферстапен ја загуби пол-позицијата и мораше да стартува зад Расел во Катар.
Сепак, тоа не го спречи да оствари убедлива победа во Доха. И кога се очекуваше страстите да се смират, Расел се огласи пред трката во Абу Даби.
„Ја слушнавте само неговата страна од приказната. И во саботата по квалификациите ми кажа дека намерно ќе излезе од патот и дека ќе ми ја скрши главата од ѕид! Нема да молчам за такви работи. Никој не ги доведува во прашање неговите возачки квалитети. Сепак, очигледно е дека не може да се справи со некои работи“, изјави Расел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА