Расел најбрз на Интерлагос за прва победа во Формула 1

Возачот на Мерцедес, британецот Џорџ Расел вечно ќе ја памети трката за ГН на Бразил денеска откако стигна до првата историска победа во Формула 1. Расел заврши пред Хамилтон за нешто повеќе од една секунда, и така дојде до историското прво место на победничкиот пиедестал. Воедно, Расел ја донесе првата победа за Мерцедес сезонава.

За потсетување дека Расел вчера беше први  на кружната трка во Интерлагос.

После двата мерцедеса, се најдоа двата болида на Ферари, односно Саинц заврши третопласиран, додека Леклер на четврто место.

Светскиот првак Макс Ферстапен на крајот заврши како шести, зад него беше неговиот колега Серхио Перез.

Се вчитува...