Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата на првата трка од новата сезона во Формула 1, Големата награда на Австралија во Мелбурн, додека четирикратниот шампион Макс Верстапен остана без резултат во квалификациите откако излета од патеката.
Расел доминираше во текот на квалификациите и постави време од 1:18.518 во својот последен обид, обезбедувајќи ја најдобрата стартна позиција за отворањето на сезоната.
Второто место му припадна на неговиот клупски колега Кими Антонели, кој заостануваше нешто помалку од три десетинки, па Мерцедес ќе го има првиот стартен ред.
Третото место му припадна на Исак Хаџар, кој импресионираше на своето деби за Ред Бул. По него следеа возачот на Ферари, Шарл Леклер, и Оскар Пјастри.
Актуелниот шампион Ландо Норис заврши шести во квалификациите, пред Луис Хамилтон, како и возачите на Рејсинг Булс, Лиам Лосон и Арвид Линдблад. Десеттото место му припадна на Габриел Бортолето, кој не успеа да постави време во последниот дел од квалификациите поради технички проблем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

