Џорџ Расел заслужено стигна до победата на трката за ГН на Сингапур откако возачот на Мерцедес водеше од почеток до крај, не дозволувајќи триумфот во ниту еден момент да биде доведен во прашање.
Расел тргна од пол-позицијата и остана на чело на колоната и по возбудливиот старт, во кој имаше мал контакт меѓу двата болиди на Мекларен, кога Ландо Норис успеа да го мине Оскар Пијастри на третото место. Шансите на Пијастри за највисок пласман исчезнаа по бавниот прв питстоп, Расел беше сигурен на првото место, па најинтересна до крајот беше битката за втората позиција меѓу Ферстапен и Норис.
Иако светскиот првак имаше проблеми со гумите, сепак успеа да се задржи на втората позиција, пред двата болида на Мекларен што ги возеа Норис и Пијастри.
Место во Топ 10 на оваа трка за ГН на Сингапур имаше и за: Антонели, Леклер, Хамилтон, Алонсо, Бирман и за Карлос Саинц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

