Манчестер јунајтед го доби дербито против Ливерпул со 2-1 на „Олд трафорд“ и побегна со пет бода предност на второто место на табелата во Премиер – лигата. Младиот напаѓач Маркус Рашфорд беше во елемент на овој меч и ги постигна двата гола за „црвените ѓаволи“.
Тој донесе водство од 1-0 во 14.минута, а десет минути подоцна уште еднаш се запиша во листата на стрелците. Ливерпул не се предаде така лесно, намали во 66.минута со автоголот на Баи, но тимот на Јирген Клоп не успеа да стигне и до израмнување на овој дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА