Маркус Рашфорд е во потрага по нов клуб, а англискиот репрезентативец има причина за задоволство откако повторно му се зголемија шансите да го комплетира трансферот од соништата – во таборот на Барселона.
Тој не ја крие желбата да се пресели на „Камп Ноу“, наведувајќи дека Барса е единствениот клуб за кој би се согласил и да ја намали платата што му е загарантирана според договорот со Манчестер Јунајтед. Токму неговите високи примања се сериозна пречка во преговорите со останатите заинтересирани клубови, кои бараат Јунајтед да покрие дел од платата дури и во случај на едногодишна позајмица.
Во случајот на Барселона тоа не би било проблем бидејќи Рашфорд преку својот агент јасно ставил до знаење дека ќе биде најден заендички јазик околу личните услови. Барса сепак реши да го „олади“ Англичанецот и тргна во офанзива по Нико Вилијамс, но откако шпанскиот репрезентативец реши да остане во Атлетик Билбао сега каталонците се подготвени за нова рунда преговори со Рашфорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

