Рашфорд е избран за најдобар фудбалер во 1. коло од ЛШ

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, кој е на позајмица во Барселона, Маркус Рашфорд, е избран за најдобар играч во првото коло од Лигата на шампионите. УЕФА објави дека Англичанецот добил најмногу гласови од навивачите.

Тој победи во конкуренција на Србинот Душан Влаховиќ (Јувентус), Французинот Маркус Турам (Интер) и Португалецот Франсиско Тринкао (Спортинг Лисабон). Маркус Рашфорд ги постигна двата гола во победата на Барселона на гости над Њукасл (1-2).

Познато е дека Аморим зимоска му рече на Рашфорд дека нема место за него во тимот додека е менаџер на Јунајтед и дека повеќе би сакал да го стави својот привремен тренер на голмани во тимот отколку фудбалер кој само стои на теренот.

Се вчитува...