Маркус Рашфрод беше фудбалерот за одлука на првиот натпревар на Барселона во Лигата на Шампионите. Репрезентативецот на Англија се врати во татковината и му пресуди на Њускал Јунајтед постигнувајќи два гола во триумфот од 1-2.
Рашфорд во Барселона е на позајмица од Манчестер Јунајтед каде за него повеќе нема место па и јасно е дека воопшто не сака да се враќа во клубот од детстовото и има желба да потпише нов договор со Барселона.
Сепак финансиските проблеми со кои се соочуваат каталонците би можеле да бидат пречка за официјален трансфер па за договор Рашфорд ќе мора да чека до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

