Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд доби казна од еден натпревар во Лигата на шампионите, поради црвениот картон заработен на дуелот со Копенхаген во 4. коло во најелитното европско натпреварување.
Репрезентативецот на Англија доби исклучување во 42. минута од средбата, во поразот од 3-4 на 8. ноември. 26-годишниот играч ќе го пропушти дуелот со Галатасарај на гостински терен.
Ова е уште еден хендикеп за Јунајтед, кој се наоѓа на последното место на табелата во групата, но заостанува само еден бод за Копенхаген и Галатасарај. Баерн е првопласиран со 12 бода, и веќе го има обезбедено првото место во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА