Рашфорд им дојде преку глава: Барса размислува за раскин на договорот

Маркус Рашфорд сонуваше за преселба во Барселона, се откажа и од еден милион евра од својата загарантирана плата во Манчестер јунајтед за да замине на позајмица во каталонскиот гигант, но овој трансфер се претвори во кошмар откако англискиот ас за кратко време ги разочара сите во таборот на Барса.

Последните информации од Каталонија говорат дека тренерот Флик, членовите на стручниот штаб, нон и клупските челници се видно разочарани од она што го покажува Англичанецот, како на натпреваарите, така и на тренинзите. Флик му даде шанса и како централен напаѓач и како крилен офанзивец, но Рашфорд беше меѓу најслабите на теренот, а ако се знае дека е меѓу најплатените во тимот на Барса, јасно е зошшто каталонците сакаат што поскоро да ја прекинат соработката со него, веќе на почетокот од јануарскиот преоден рок.

„Црвените ѓаволи“ се заштитија од ваква опција, Барса тогаш би требала да плати пет милиони евра како „пенали“ за предвремен прекин на договорот, но и тоа не е проблем ако се знае дека каталонците би требале да му платат на Рашфорд шест милиони евра како плата за периодот јануари – јуни 2026 година.

Опцијата за откуп на крајот на сезоната веќе и никој не ја споменува, па Лапорта и соработниците размислуваат само дали да го издржат Рашфорд до крајот на сезонава или уште пореалнaта варијанта – прекин на позајмицата на англискиот напаѓач во јануари и негово враќање во Премиер-лигата.

Се вчитува...