Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд е фудбалерот кој минатата сезона беше на удар на критики на фудбалската јавност во Англија поради неговите потпросечни настапи за „црвените ѓаволи“.
Офанзивецот го загуби и местото во репрезентацијата на Англија, па сега во новата сезона ќе влезе со надеж дека ќе ја подигне формата и со тоа ќе му помогне на тимот да стигне до посакуваните резултати.
Рашфорд во своето последно интервју говореше за новиот тренер на „ѓаволите“, Ерик Тен Хаг и како е да се работи со него.
„Нашата работа, како прво, се состоеше од тоа да ги навикнеме принципите за тоа како Ерик сака да играме, а како второ да уживаме во тоа. Во првата недела од тренинзите ги комплетиравме двете работи и сега сите со нетрпение ги очекуваме натпреварите. Ова е нов старт за сите, а лично и за мене. Имав нешто подолг одмор, потоа имав индивидуални тренинзи, а сега се вратив на тренинг со тимот“, изјави Маркус Рашфорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

