Рашфорд: Горди сме на тоа како одигравме против тим како Арсенал

Манчестер Јунајтед го скалпот на Арсенал во дербито на 6. коло во Премиерлигата. Еден од најзаслужните за тоа беше Маркус Рашфорд кој одлично ги искористи своите шанси, предводејќи го својот тим со два гола во победата од 3-1.

Англичанецот по натпреварот не го криеше задоволството од издвоената победа за која вели дека пресудно било искористувањето на празнината во просторот во второто полувреме.

„Арсенал одлично ја започна сезоната така да натпреварот против нив беше одличен тест за нас да видиме до каде сме. Станува збор за екипа која е одлично воиграна, која знае да ја зачува топката и да ја базира својата игра на тоа. Во првото полувреме пробавме да ги пробиеме, но не беше лесно. Меѓутоа во второто успеавме и тогаш се појде на наша страна. Ја искористивме празнината во простор и тоа го доби мечот. Се на се, можеме да бидеме горди на себе како го одиграме овој натпревар и стигнавме до важна победа“, вели Рашфорд.

Се вчитува...