Англискиот репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд одбил неколку понуди од Саудиска Арабија, само да бара ангажман во Европа. За Англичанецот биле заинтересирани три клуба, му нуделе годишна плата од 35 милион фунти годишно, но тој не сакал да оди таму.
Приоритет за Рашфорд е Европа, а неколку англиски тимови и од Италија се интересираат за неговитеу слуги, но сигурно нема да ја добие таа плата која му е понудена од Саудиска Арабија.
Рашфорд не е во плановите на новиот тренер Рубен Аморим, со оглед дека не смета на него во последно време, а не го става ниту на клупата за резерви на натпреварите на Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА