Маркус Рашфорд зборуваше за проблемот со неговото деби за Барселона. Тој пристигна во каталонскиот клуб минатиот месец на едногодишна позајмица од Манчестер Јунајтед, но сè уште не знае кога ќе може да дебитира.
Имено, Барселона не успеа да го регистрира Рашфорд за следната сезона во Ла Лига бидејќи го надмина дозволениот лимит за плати за играчи.
Слична ситуација имаше минатата година со Дани Олмо, кој мораше да почека за своето деби.
„Не сум загрижен, тоа е нешто што клубот мора да го реши и верувам дека ќе го решат. Лично, јас сум фокусиран само на тренинг и подготвеност за почетокот на натпреварувањето“, изјави Рашфорд.
И покрај сите проблеми околу регистрацијата на нови фудбалери, Лапорта најави пристигнувања на нови фудбалери во својот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

