Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, потпиша нов договор со „црвените ѓаволи“, со кој се обврза на верност до 2023 година. Тој смета дека заедно со соиграчите можат да го вратат Јунајтед на старите славни патеки.
„Сакав да го продолжам договорот. Сега цел ми е да го вратам клубот таму каде што му е местото. Би го дал животот за овој клуб. Кога сте во тим со многу млади фудбалери кои имаат иста амбиција како вас, тогаш успехот е неминовен“, изјави Рашфорд.
Манчестер Јунајтед сезоната ја почнува утре со дуелот на „Олд Трафорд“ против Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА