Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да биде во голема неволја. Рашфорд во петокот објави дека е болен и не може да тренира, а два дена пред тоа е виден како се забавува во ноќен клуб во Белфаст.
Рашфорд се вратил во Манчестер во петокот наутро, но пријавил дека се чувствува лошо и поради тоа го прескокнал тренингот.
„Рашфорд е болен, Еванс исто така, ќе видиме како ќе оди со неговото закрепнување. Сепак, имаме одморени играчи, оние кои беа повредени се враќаат, Мартинез, Шо, Мегваер, Касемиро, тоа е добра работа“, изјави Тен Хаг.
Не е прв пат Рашфорд да ризикува да го навлече гневот на менаџерот Тен Хег. Тој беше жестоко критикуван за излегувањето во ноќен клуб истата вечер по поразот во дербито со Манчестер Сити во октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА