Иднината на англискиот фудбалер и член на Барселона Маркус Рашфорд, е крајно неизвесна, откако се појавија шпекулации дека каталонскиот гигант ќе го врати на Манчестер Јунајтед по завршувањето на сезоната и истекот на позајмицата.
Англискиот напаѓач настапува во Барселона како позајмен, но дали ќе продолжи и понатаму да биде дел од „Каталонците“ станува неизвесно. Во меѓувреме тој ја кажа својата желба за иднината.
„Мојата желба е да останам тука. Убаво се чувствувам и сакам и понатаму да играм за Барселона“, изјави Рашфорд.
Сепак, англискиот фудбалер е свесен дека тоа зависи и од Барселона и од Манчестер Јунајтед. Минатата сезона Рашфорд ја мина на позајмица во Астон Вила, а тоа јасно покажува дека за него нема иднина на „Олд Трафорд“. Сега одлуката е на Барса дали ќе го задржи и понатаму, или Англичанецот ќе мора да си бара нова средина од идната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

