Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, оваа зима би можел да замине на шестмесечна позајмица во Севилја, пренесуваат англиските медиуми. Стратегот на шпанскиот тим, Хорхе Сампаоли, сака да доведе уште еден напаѓач на „Санчез Пижуан“, покрај Стеван Јоветиќ кој дојде од Интер, а изборот паднал токму на младиот играч на „црвените ѓаволи“.
Тој на последните девет натпревари во сите конкуренции, настапи само три пати и се чини дека најдобро за него ќе биде да ги промени клупските бои како позајмен играч. И премиерлигашот Вест Хем е заинтересиран за неговите услуги, но барем засега, Севилја е во предност. Сепак, конечниот збор ќе го има менаџерот Жозе Мурињо, кој треба да ја одобри позајмицата на Рашфорд во шпанскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА