Рашфорд не се враќа во Манчестер, но сака во тим кој ќе игра во ЛШ

Напаѓачот на Астон Вила Маркус Рашфорд, наскоро ќе мора да одлучи за својата иднина, откако по завршување на сезоната ќе треба да се врати на „Олд Трафорд“. Англискиот репрезентативец нема иднина во Манчестер, со оглед дека тренерот Аморим не смета на него, па ќе мора да си бара нова средина.

Неговата желба е да игра во Лигата на шампионите идната сезона, па затоа ќе бара нов ангажман. За неговите услуги има интерес од Англија, се шпекулира и со интерес на Лајпциг и Борусија Дортмунд, но неговата висока плата е проблем за оние клубови кои не се гиганти.

Затоа во опција е уште една позајмица идната сезона, доколку Аморим остане тренер на Манчестер. А, Португалецот го спасува само пехар во Лигата на Европа што ќе значи и пласман во ЛШ, затоа што во Премиерлигата „Црвените ѓаволи“ се во долниот дел на табелата, што е далеку од нивната зацртана цел пред пчетокот на сезоната.

Се вчитува...