Маркус Рашфорд денеска повторно ги израдува фановите на Манчестер Јунајтед, но не со постигнат погодок за „црвените ѓаволи“ туку со нешто многу позначајно, потпис на новиот долгорочен договор со кој англискиот репрезентативец ќе остане на „Олд Трафорд“ до јуни 2028 година. Тој влегуваше во последната година од актуелниот договор, но не ја криеше желбата да остане на „Олд Трафорд“, што на крајот му беше остварена откако ја прифати најновата понуда за неделна плата од 375.000 фунти.
Рашфорд имаше извонредни настапи минатата сезона во која стигна до 30 гола во сите натпреварувања. Севкупно, овој фудбаелр има настапено на 359 средби за Манчестер Јунајтед, притоа постигнувајќи 123 погодоци.
„Дојдов во Манчестер Јунајтед како седумгодишно дете со голем сон. Се уште ја имам истата страст да успеам, истата гордост кога ќе го облечам овој дрес. Цел живот навивам за Јунајтед, знам каква одговорност оди со носењето на овој дрес и можам да ветам дека ќе сторам се за да го кренеме клубот на највисоко ниво, да биде онаму каде што заслужува“, изјави Рашфорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

