Маркус Рашфорд иако е еден од најдобрите фудбалери на Манчестер јунајтед и веќе докажа дека е голем човек поради неговите хуманитарни дела, сепак и натаму е жртва на расистички навреди на социјалните мрежи.
Напаѓачот на Манчестер имаше порака до сите оние кои се обидуваат да го направат да се чувствува лошо и понизно.
„Најмалку 70 навреди на расна основа на моите социјални профили. За оние кои сакаат да се чувствувам полошо од она што го чувствувам сега, со среќа со обидите. Многу повеќе сум изнервиран поради тоа што еден од навредувачите, кој остави многу емотикони со мајмун во моите пораки е учител по математика и има отворен профил. Тој учи деца! И знае дека може да навредува било кого на расна основа без последици…“, напиша Рашфорд.
At least 70 racial slurs on my social accounts counted so far. For those working to make me feel any worse than I already do, good luck trying ??
— Marcus Rashford MBE (@MarcusRashford) May 26, 2021
At least 70 racial slurs on my social accounts counted so far. For those working to make me feel any worse than I already do, good luck trying ??
— Marcus Rashford MBE (@MarcusRashford) May 26, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА