Манчестер Јунајтед го одигра најдобриот натпревар под водство на Рубен Аморим совладувјаќи го Евертон со убедливи 4-0 во 13. коло од Премиерлигата.
На натпреварот на „Олд Трафорд“ одново стелец беше Маркус Рашфрод кој овој пат постигна два гола па говореше и за медиумите по крајот на средбата наговестувајќи подобри денови за својот тим.
„Охрабрувачки за нас е да научиме нешто ново и чувствувам дека можеме да бидеме многу посилни во овој систем. Исто така, за другите тимови, ние досега не сме играле во овој систем, никој не знае што да очекува од нас и тоа ни дава добра позиција. Имаме многу играчи кои можат да играат на различни позиции, па можеме многу да менуваме за време на натпреварите и различно да се поставуваме.
Возбудливо е. Не сакам да се занесувам, но тоа е енергијата и возбудата што ја сакаме. Сеуште е рано, но се чувствувам полн со енергија и подготвен за следниот натпревар (против Арсенал). Овој натпревар само што заврши, но следниот секогаш е веднаш во фокусот“, изјави Рашфрод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА