Милан се појавува како многу сериозен кандидат во трката по Маркус Рашфорд, откако самиот фудбалер изразил желба да го облече дресот на италијанскиот гигант во вториот дел од оваа натпреварувачка сезона.
Голгетерот веќе одби неколку понуди од Саудиска Арабија, стави до знаење и дека не е заинтересиран за преселба во САД инсистирајќи дека е решен да остане во Европа и да докаже дека се уште може да игра на највисоко ниво во некоја од најсилните лиги. Милан има сериозни проблеми со нападот, па токму затоа Рашфорд верува дека во таборот на „росонерите“ би имал поголема минутажа за да се докаже и да се врати во топ-форма.
„Росонерите“ уште пред извесно време покажаа интерес за поранешниот англиски репрезентативец, но не криеја дека проблем е превисоката плата од 380.000 евра неделно што Рашфорд ја зема во Јунајтед. За следната седмица се предвидени преговори меѓу двата клуба, а доколку англискиот тим се согласи да покрие половина од оваа сума „росонерите“ експресно би го комплетирале овој трансфер како големо засилување за вториот дел од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА