Рашфорд сака да си оди од „Олд Трафорд“

Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд има намера да го напушти „Олд Трафорд“ по завршувањето на оваа сезона. Тој не е стандарден првотимец кај новиот менаџер Ралф Рангник и поради тоа е незадоволен. Ова го соопштил и на раководството на клубот и на германскиот стратег.

Рашфорд пред да ја донесе конечната одлука ќе почека да види кој ќе биде назначен за нов менаџер. Неговиот договор со Манчестер јунајед истекува наредната година.

Маркус Рашфорд оваа сезона има постигнато само пет гола, а се мачеше со повреди и со коронавирусот.

Се вчитува...