Крилниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд оваа зима ќе има нов клуб, и најверојатно ќе се пресели во Бундеслигата. Според информациите од Германија, негов следен клуб ќе биде Борусија Дортмунд.
Англичанецот во Дортмунд ќе игра како позајмен играч до крајот на сезоната, и ќе дојде како замена за Донјел Мален кој отиде во Астон Вила за 25 милиони евра.
Рашфорд нема иднина на „Олд Трафорд“ и сака да го напушти тимот на Манчестер Јунајтед што е можно поскоро. Инаку тој во Дортмунд би можел да соработува со својот поранешен тренер Ерик тен Хаг, со оглед дека Холанѓанецот треба да го замени Нури Сахин на клупата во текот на идната недела.
Рашфорд досега одбил три добри понуди од Саудиска Арабија, само со цел да остане во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

