Англискиот фудбалски репрезентативец, Маркус Рашфорд и официјално го одработи првиот тимски тренинг откако летово имаше операција на рамото.
На крајот на јули беше објавено дека Англичанецот поради проблеми со рамото ќе пропушти околу три месеци од новата сезона.
Напаѓачот нема играно фудбал уште од финалето на Европското првенство кога влезе како резерва на дуелот против Италија. Тој со месеци имаше проблеми со рамото и реши да замине на операција на почетокот од месец август.
Фудбалерот во претходната сезона одигра 57 средби во сите конкуренции со ефект од 21 гол и 15 асистенции. Англискиот клуб во изминатата сезона стигна до финалето на Лига Европа.
Marcus Rashford is back in full training 😍💪
via @footballdaily pic.twitter.com/Sa2oYWjraE
— utdreport (@utdreport) October 1, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

